Напредно Одржување во Живот

Установата Медицински симулациски центар-Скопје , организираше и спроведе обука на модулот Напредно животно одржување – “Advanced Life Support” на специјализанти од Медицинскиот факултет во Скопје при Универзитетот Свети Кирил и Методиј.

На обуките беа присутни специјализанти од следниве области: Детска хирургија, Абдоминална хирургија, Неврохирургијa, Општа хирургија, Градна хирургија, Трауматологија, Уролошка хирургија, Пластична и реконструктивна хирургија, Анестезиологија со интензивна медицина, Гинекологија и акушерство, Ортопедија, ОРЛ, Офталмологија, Дерматовенерологија, Интерна медицина, Гастроентерохепатологија, Ендокринологија, Кардиологија, Нефрологија, Пулмологија и алергологија, Ревматологија, Хематологија, Неврологија, Педијатрија, Психијатрија, Детска и адолесцентна психијатрија, Радиологија, Онкологија и радиотерапија, Физикална и рехабилитациона медицина.

Во периодот од 23ти Март до 08ми Април 2016 година во просториите на МСЦ се спроведе обука на модулот Напредно животно одржување-“Advanced Life Support” за вработените во службите на Итната медицинска помош на целата територија на државата. Целта на обуката беше слушателите да се здобијат или обноват напредните познавања од областа на давањето прва помош преку теоретски и практични предавања за модулот Напредно животно одржување – “Advanced Life Support”. Обуката беше спроведена од страна на искусни и сертифицирани едукатори кои поседуваат соодветни потврди и сертификати како од земјава така и од странство.На обуките беа наменети за медицински тимови кои ќе ги сочинуваат доктори и медицински сестри.

This site is registered on wpml.org as a development site.